Вечерва Министерството за внатрешни работи упадна во Академијата за судии и јавни обвинители.
Се работи за претрес по наредба на судија на претходна постапка, а по барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Според информациите, се одземаат електронски податоци од компјутерските системи, мобилни телефони и досиеја од веќе избрани судии и обвинители.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека дејствијата се во тек.