Македонија

МВР за несреќата кај Ранковце: Загинатиот има 21 година, на иста возраст се и тројцата тешко повредени

МВР за несреќата кај Ранковце: Загинатиот има 21 година, на иста возраст се и тројцата тешко повредени

На 14.08.2023 во 01.28 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка-Ранковце, во село Љубинци, И.М.(21) од Крива Паланка, управувајќи патничко возило „ауди” со кривопаланечки регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во банкина на патот.

Од здобиените повреди, возачот И.М. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Додека, сопатниците Ј.С.(21), Х.С.(22) и М.С.(21), сите од Крива Паланка, се здобиле  со  повреди, констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на место на несреќата извршила екипа од ОВР Крива Паланка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни