Министерството за внатрешни работи – СВР Скопје спроведува низа на оперативно тактички мерки со цел лишување од слобода на третото осомничено лице.
„Во возилото не беше пронајдено злато, извршено е вештачење на сите предмети кои се од интерес на истрагата“, велат од МВР за ТВ21.
Од МВР додаваат дека лицата кои беа инволвирани во убиството извршено на паркинг простор пред ТЦ “Мавровка”, каде беше застрелан В.Е.(59), се со криминално досие.
Убиеното лице било застрелано пред неговата сопруга.
Пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска утрово во емисијата Клик Плус на ТВ21 постави прашање: Дали убијците се избегани од затвор претходно и дека за нив веќе имало потерници но не било пронајдени.

