Македонија

На 12 илјади осигуреници 12 години не им се плаќале придонеси, Зенели: Не чувствувам одговорност, нема простор за загриженост

Пензискиот фонд, од 2006 година имал индиции за нерегуларности во плаќањето на придонесите во вториот столб за пензиско осигурување. Затоа самиот фонд го покренал оваа прашање за наоѓање на решение, изјави директорот на Пензискиот фонд, Шаип Зенели. Тој додаде дека лично не чувствува вина за направената неправда 12 години.

„Нема место за загриженост бидејќи никој не е оштетен, сите средства од нераспределените придонеси ќе им се платат на сите осигурени лица кои треба да бидат членови на  вториот столб. Тие средства не излегле од Фондот, не се злоупотребени. Тие средства од 19 милиони евра, стриктно се користени за целите на Пензискиот и инвалидскиот фонд.“, рече Зенели.

Најголемиот број на осигурениците на кои не им се платени придонесите во вториот столб, се лица кој се осигурени во периодот од 2003-2007. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска тврди дека 12 илјади осигуреници ќе се обесштетат и исто така ќе бидат пренесени во вториот столб за пензиско осигурување.

Министерството за труд и социјална политика, вчера покрена тужба во Јавното обвинителство, но не против некое конкретно лице. Се уште не се знае кој ќе носи одговорност за направениот пропуст и за тоа што на 12 илјади осигуреници им е скратено плаќањето на придонеси во вториот столб. Од ЈО велат дека предметот  му е предаден на обвинител и дека се преземат дејствија за расветлување на случајот.

 Репортер: Бесир Арифи

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни