На 13 октомври одлука за пријавата на Рускоска – Рускоска: Парите ќе ги донирам во СОС Детско село

На 13 октомври ќе се донесе пресуда за кривичната пријава на Вилма Рускоска против ВМРО-ДПМНЕ. Денеска во граѓанскиот суд како доказ беа презентирани две видео спотови од предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ во кои главната обвинителка на Обвинителството за организиран криминал, Рускоска, е преставена дека работи под директивите на Заев.

Се вчитува...

За овој предмет се одржани само три рочишта, а Рускоска бара од ВМРО-ДПМНЕ 10 илјади евра оштета. Адвокатот на ДПМНЕ, смета дека не е толку важно дали странката ќе ја плати или не оштетата.

Главната обвинителка на Обвинителството за организиран криминал за медиумите изјави дека побарала од ВМРО-ДПМНЕ да и се извинат и да ги повлечат видео спотовите, но тоа не се случило.

Рускоска рече дека доколку го добие предметот, парите од оштетата ќе ги донира во СОС детско село.

.

Извор: ТВ21