Македонија

На 16 март СДСМ ќе избира претседател

На 16 март (недела) чллновите на СДСМ преку внатрепартиски избори ќе го изберат новиот претседател на партијата.

Како што дознава 24инфо.мк за вечерва на „Бихаќка“ е закажана седница на Централниот одбор со што ќе започнат подготовките за четвртите директни внатрепартиски избори.

Она што е сигурно дека актуелниот претседател Венко Филипче ќе биде кандидат, а дали ќе биде единствен ќе се знае кога ќе заврши рокот за кандидирање.

Членовите на СДСМ по неколку месеци повторно ќе бираат претседател. Тоа е така, бидејќи според Статутот на партијата, Филипче, како и неговиот претходник Димитар Ковачевски поради оставката на Заев, го завршуваат неговиот мандат кој истекува на 21 март.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни