Наука и технологија

На 7 септември, Apple го претставува iPhone 14

На 7 септември Apple планира да одржи настан на кој ќе го претстави iPhone 14, кој треба да се најде во продажба на 16 септември.

Блумберг пишува дека на вработените во одредени продавници им било кажано да се подготват за „големото лансирање на новиот уред“ планирано за 16 септември.

Во септември, Apple традиционално одржува настани каде што презентира нови производи, а од почетокот на пандемијата се префрли на пренос во живо. Вработените веќе почнаа да снимаат сегменти за виртуелната презентација.

Се очекува Apple да претстави четири модели на iPhone 14, нови Mac компјутери, нови iPad и нов Apple Watch. Во понудата овојпат нема да има Mini модел, па ќе се состои од два модели со 6,1 и два со 6,7 инчен екран.

Уредите ќе имаат малку поинаков изглед на „забите“ на екранот и многу подобра селфи камера, додека моделите Pro ќе се напојуваат со A16 процесор.

Исто така, iPhone 14 Pro ќе има малку поголем модул за камера, како и секогаш вклучен дисплеј.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни