Македонија

На 97 години е кандидат за советник во општина Битола

На 97 години е кандидат за советник во општина Битола

Највозрасниот кандидат за член на Советот на Општина Битола има 97 години, потврдија за МИА од Општинската изборна комисија во Битола.

Според јавно достапните податоци, највозрасна е Цветанка Велјанова која има 97 години и е кандидатка на политичката партија МААК. Веднаш зад Велјанова според возраста е кандидатот Кирил Добрушевски со 81 година, исто така кандидат на МААК.

Во групата три највозрасни кандидати за членови на Советот на Општина Битола е и Трајан Котевски кој има 80 години и е на кандидатска листа поддржана од група избирачи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни