Македонија

На болните од канцер им давале несоодветна терапија, тврди обвинителството кое поднесе обвинение против директори и лекари на Онкологија

На болните од канцер им давале несоодветна терапија, тврди обвинителството кое поднесе обвинение против директори и лекари на Онкологија

Од Основното јавно обвинителството поднесоа две обвиненија за случабот со Клиниката за Онкологија.

Првото обвинение се однесува за финансиско-економското работење на клиниката и е против двајца поранешни дирекори на Онкологија (медицински и органзациски директори). Тие се обвинети за злоупотреба, измама во службата и проневера за службата. Второто обвинение се однесува за 4 доктори онколози меѓу кои е и поранешниот медицински директор и сите се обвинети за несовесно лекување.

Вештачењата кои беа направени во Словенија и Србија ги потврдиле сомнежите за несоодветно давана терапија односно дека пациентите не била лекувани според протоколите за онколошките болести.

Имало и злоуптреби и проневери со скапата биолошка терапија која е наменета за болните од канцер, соопштија обвинителите на прес-конференцијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни