На Груевски ќе му се суди во отсуство за предметот „Траекторија“

Лиле Стефанова, обвинителката од СЈО побара притвор за сите обвинети во предметот „Тракеторија“, меѓу кои е и премиерот Никола Груевски кој се наоѓа во Унгарија каде доби политички азил.

На денешното рочиште поранешниот министер Миле Јанакиески од затворот Шутка, директно беше донесен во Судот со лисици на рацете. Јанакиески се наоѓа во притвор.

Се вчитува...

Стефанова побара да му се суди на Груевски во отсуство, а адвокатот Еленко Миланов побара да му се суди одвоено. Стефанова потоа му кажа дека ако Груевски сакал да присуствува на судење, немаше да избега од Македонија.

Во „Траекторија“ обвинети се и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и поранешниот директор на ЈП за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Извор: ТВ21