Очајни и расплакани граѓани ги раскажуваа своите тажни приказни за лекување на Клиниката за онкологија на протестот пред Владата.
„На Клиниката за онкологија е ужас, со мојата мајка која почина од рак секое одење таму ни беше смрт. Никој не ве гледа, со саати се чека. Што ѝ даваа не знам, само знаев дека ја носат на терапија, а после неколку дена таа беше во очајна состојба. Ние станавме како холокауст. Мора за овие луѓе да се преземе одговорност.Јас за мојата мајка не успеав да се изборам, но ќе се изборам за сите други, мора ова лудило да се сопре, мора да се стави крај. Ако не може власта да стави крај на корупмирани лекари и медицински сестри, народот може. Денеска е онкологија утре ќе се случи друго, народот е оставен сам на себеси. Не дај боже во оваа држава да се разболиш нема кој да те лечи“, кажа еден од организаторите на протестот и ги повика граѓаните да се упатат кон Обвинителстовото и таму да го искажат својот револт и да побараат соодветни казни.
На протестот беше прочитана порака на пациент со карцином на бели дробови, кој морал после две примени терапии да чека за третата бидејќи му било речено дека ја нема, раскажувајќи дека пациентите на Онкологија се оставени сами на себе.
„Ако немаш врски и пари нкој не те гледа. Обичните граѓани се оставени сами на себе“, се велеше во писмото на пациент со рак на бели дробови.