Ма реновираната улица Ленинова во Општина Центар дел од новите паркинг места се наоѓаат пред пешачки премин. Граѓаните коментираат дека треба да скокаат или да научат да летаат за да ја минат улицата.
За оваа утка во изведбата реагираа и од советничката група „Шанса за Центар“ кои велат дека нетранспарентното работење доведува до ваков краен резултат.
„Вакви промашувања се случуваат кога големите проекти, пред да почне да се работат, се кријат од јавноста. Погледнете како општина Центар одговори на нашите постојани барања за поголема транспарентност и за објавување на сите проекти на кои ќе се потрошат над 100 илјади евра“, велат од „Шанса за центар“.
