Македонија

На сила забрана за движење низ шумите

На сила забрана за движење низ шумите

Владата на вчерашната 173-та седница ги задолжи стопанисувачите со државни шуми, согласно Законот за шумите, да прогласат забрана за движење во шумите. Забраната ќе важи од денеска.

Како што информира владината прес-служба, забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер.

На подрачјето на Водно, каде нема забрана за движење, се предвидени редовни контроли.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни