Македонија

На територија на СВР Битола санкционирани 14 возачи под дејство на алкохол

На територија на СВР Битола санкционирани 14 возачи под дејство на алкохол

Вкупно 14 возачи од кои шест на територијата на Битола, седум во Прилеп и еден во Ресен се казнети во засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол што е спроведена вчеравечер во периодот од 23:00 до 5:00 часот на територија на СВР Битола.

За време на контролата, информираат од МВР, биле санкционирани и 21 други видови прекршоци.

-Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, велат од МВР.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни