Бројот на акутни интоксикации поврзани со психоактивни супстанци расте секоја година, рекоа утрово од Клиниката за токсикологија.
На новогодишната ноќ биле примени 22 пациенти во алкохолизирана состојба. Вообичаено, доминира младата популација. Најмладиот имал 14 години.
„23 прегледи заради акутни интоксикации, од кои 12 се малолетни, 11 се полнолетни“, вели Кирил Наумовски од Клиниката за токсикологија.
Сите биле третирани во амбуланта и се пуштени на домашно лекување. Сите пациенти навеле дека труењето е поради алкохол.
Во однос на полот, од Токсикологија додаваат дека бројот е еднаков.
Во првата половина од 2023 година евидентиран беше пораст од 13,5 проценти на алкохолни труења во споредба со истиот период минатата година, додека кај злоупотребата на дрога забележано е зголемување од 281 процент споредбено со првата половина лани.