Над 38.000 фирми со блокирани сметки – ликвидноста на компаниите на удар

Присилната наплата и блокирањето на сметки на физички и правни лица во Македонија функционира веќе повеќе од 15 години, но нерешените недоследности и нејаснотии во законската регулатива предизвикуваат сериозни проблеми, особено за фирмите.

Според експертите, недостатокот од прецизност и нецелосната процена на реалните ситуации овозможува простор за манипулации при исплата на долговите, но и доведува до критична финансиска состојба кај голем број компании. Многу фирми се соочуваат со ризик од прекин на работа, а дел дури и со „клиничка смрт“ поради блокирани сметки и неможност за финансиска ликвидност.

Оваа состојба ја става под знак прашалник преживувањето и развојот на деловниот сектор во земјата.