Свет

Над 500 луѓе тврдат дека виделе НЛО во САД

Над 500 луѓе тврдат дека виделе НЛО во САД

Американската влада истражува 510 извештаи за луѓе кои тврдат дека виделе НЛО. Тоа е повеќе од трипати повеќе од нивниот број во 2021 година. Иако беше откриено дека многу од сомнителните случаи се предизвикани од дронови или балони, стотици остануваат необјаснети.

Во извештајот на директорот на националното разузнавање (ДНИ) се вели дека 247 пријави за „неидентификувани аномални појави“ биле направени од јуни 2021 година, кога имало и записи за 144 забележани сомнителни воздушни објекти.

Дополнително, се вели во извештајот, биле пронајдени уште 119 сигнали кои биле откопани од старите записи од изминатите 17 години, со што вкупниот број достигна 510.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни