Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Свет

Најмалку 19 лица загинаа во стампедо во Нигерија

Најмалку 19 лица загинаа во стампедо во Нигерија

Најмалку 19 лица загинаа денеска, а голем број се повредени во стампедо во градот Окиџа во нигериската држава Анамбра, јавија нигериските медиуми.

Според очевидци, стампедото се случило околу шест часот по локално време кога луѓето се собрале пред куќата на локалниот претприемач Ернест Обиејеси, каде што требало да им дадат ориз.

Како што пристигнувале сè поголем број луѓе, тие почнале да се туркаат меѓусебно за да влезат во имотот на претприемачот, по што дошло до стампедо, пишува нигерискиот весник „Премиум тајмс“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни