Македонија

Најмногу дожд во Крушево, во Скопје променливо и нестабилно време

Најмногу дожд во Крушево, во Скопје променливо и нестабилно време

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 часа до 8 часот (во l/m 2 ) 12 Крушево, 9 Крива Паланка, 7 Битола, 6 Охрид, 5 Виница, Ѓуриште, 4 Претор, Тополчани, Пожаране, 3 Штип, Прилеп, Попова Шапка, 2 Струмица, Велес, Берово, Тетово, Маврови Анови, Пожар, 1 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Куманово.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина
воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од
измерената.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа,
особено во источните делови, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на
невреме со пообилен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен
ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде
во интервал од 20 до 28 степени.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во
делови од котлината ќе има пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови
за краткотрајно невреме со изолирана појава на град. Максималната температура ќе
достигне до 27 степени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни