Македонија

Најмногу снег на Попова Шапка, измерени 70см!

Најмногу снег на Попова Шапка, измерени 70см!

Најниски утрински температури денес беа забележани на Попова Шапка и Маврови Анови, каде што термометрите покажаа -5 степени Целзиусови.

По нив следат Крушево со -4 степени, Берово со -2, како и Битола и Тетово со -1. Температури околу 0 степени се регистрирани во Куманово, Крива Паланка и Кавадарци. Во Скопје-Петровец, Охрид, Штип, Претор и Прилеп е измерена температура од 1 степен, додека Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Демир Капија и Велес забележаа 2 степени. Најтопло беше во Виница и Гевгелија, каде што се измерени 3 степени.

Што се однесува до снежната покривка, најголема е на Попова Шапка, со висина од 70 сантиметри, додека Маврови Анови имаат 56 сантиметри. Во Тетово се измерени 4 сантиметри снег, а во Гостивар само 2 сантиметри.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни