Најстудено утрово на Попова Шапка, измерени нула степени

Минималните утрински температури во земјава се движеа од 0 до 6 степени Целзиусови. Најстудено беше на Попова Шапка со 0 степени, а истата температура е измерена и во Демир Капија и Гевгелија. Во Маврови Анови минималната температура изнесуваше 1 степен, додека 2 степени се измерени во Ѓуриште и Крива Паланка. Три степени имаше во Крушево, Берово, Струмица и Пожаране. Температура од 4 степени утринава е забележана во Тополчани, Виница, Претор, Штип и Прилеп, а 5 степени во Скопје – Зајчев Рид, Охрид и Куманово. Највисоки минимални 6 степени се регистрирани во Скопје – Петровец, Кавадарци, Велес, Тетово и Битола.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во претпладневните часови, по одделни котлини ќе се задржи магла. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен северен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од 9 до 14 степени.

Се вчитува...

Во Скопје, претпладне во делови од котлината е можно појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви интервали. Ќе дува слаб северен ветер, а максималната температура ќе достигне до 12 степени.