Денеска утрото најниска температура е забележана во Берово со -6 степени. Следуваат Тетово со -4, Скопје-Петровец и Битола со -3, а во Маврови Анови, Охрид, Прилеп, Демир Капија, Струмица, Крушево, Дебар и Велес температурите се -2 степени.
Во Крива Паланка, Претор, Штип, Куманово и Кавадарци е измерено -1 степен, додека во Скопје-Зајчев Рид и Виница има 0 степени. На Попова Шапка температурата е 2 степени, а најтопло е во Гевгелија со 6 степени.
На Попова Шапка има најмногу снег, со висина од 40 см, додека во Маврови Анови има 26 см, а во Крушево 3 см снежна покривка.