Најстудено утрово во Крушево -1 степен

Минималните утрински температури во земјава се движеа од –1°C во Крушево и Маврови Анови, 0°C во Охрид и Куманово, 1°C во Претор, 2°C на скопските мерни станици Петровец и Зајчев Рид, како и во Крива Паланка. Во Прилеп и Берово се измерени 4°C, а 5°C во Тетово, Битола, Штип, Виница, Велес и Гевгелија. Во Кавадарци минималната температура изнесуваше 6°C, додека 7°C се регистрирани во Демир Капија и Струмица.

Времето денеска:

Се вчитува...

Очекувајте сончево време со мала до умерена локална облачност. Наутро на поедини места ќе има зголемена облачност, која постепено ќе се намалува во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат меѓу 9 и 15 степени.

Во Скопје:

Главниот град ќе има сончево време со мала до умерена облачност и слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне околу 11 степени.