Минималните температури утрово се 13 Лазарополе, 15 Берово, 16 Маврови Анови, 17 Битола, Попова Шапка, 18 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Претор, 19 Крушево, Прилеп, Струмица, 21 Скопје-Петровец, Штип, Виница, 22 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци Гевгелија, Куманово, Велес, 23 Демир Капија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 08 часот (во l/m 2 ) 5 Лазарополе, 3 Битола, 1 Штип.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на
дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Времето во текот на ноќта и изутринава беше ведро, утрово е сончево со мала до умерена облачност. Дува слаб до умерен претежно јужен ветер.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени. UV=6
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме.
Максималната температура ќе достигне до 35 степени.