Утрово во државата се измерени ниски температури, кои во поголем дел од земјата се движат од -1 до 5 степени Целзиусови. Најстудено беше во Тетово, Битола и Берово со -1 степен, додека 0 степени се измерени во Скопје-Петровец, Струмица, Прилеп, Демир Капија и Маврови Анови. Температура од 1 степен е забележана на Скопје-Зајчев Рид, како и во Лазарополе, Крива Паланка, Виница и Велес. Во Крушево, Штип и Кавадарци утринската температура се искачи до 2 степени, во Гевгелија и Охрид до 4 степени, а највисоки 5 степени се измерени во Претор.
Според прогнозата, денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне во дел од котлините е можно појава на слаба магла. Ќе дува слаб, променлив ветер, а максималните дневни температури ќе достигнат од 8 до 15 степени.
Во Скопје се очекува сончево и претежно тивко време со умерена облачност. Во делови од котлината претпладне ќе има слаба магла, а максималната температура ќе се искачи до 11 степени.
