Македонија

Најстудено во Берово, измерени -3 степени!

Најстудено во Берово, измерени -3 степени!

Во Берово утрово е најстудено, минус три степени, а најтопло е во Дојран, шест степени.

Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот минус еден степен е измерен во Скопје, кај Петровец и во Демир Капија, нула степени на Попова Шапка и во Тетово, Битола, Струмица, Прилеп, Велес, а еден степен во Куманово, Штип, Кавадарци и Крива Паланка. Два степени се измерени во Охрид, во Скопје – Зајчев Рид, Маврови Анови и Гевгелија, три во Крушево и четири степени во Претор и Виница.

Според УХМР, во текот на ноќта и изутринава краткотрајно облачноста беше помала, а потоа од запад се прошири облачност која во утринските часови се намалува најпрвин во југозападните делови.

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, а од пладневните часови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во југоисточните делови ќе има повремен дожд. Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој во попладневните и во вечерните часови вдолж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот променливо облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 11 степени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни