Најсвежо утрово во Лазарополе, еве каде наврна најмногу дожд

Утрово најсвежо беше во Лазарополе, каде биле измерени само 11 степени. Најтопло беше во Скопје, Кавадарци и Гевгелија, каде беа измерени 20 степени.

Најголема количина на дожд беше наврната во Пожаране – 8 литри на метар квадратен.

Времето денеска ќе биде сончево претпладне, а во вечерните часови ќе има појава на невреме, со пороен дожд, грмежи а на некои места и град.