Има ли нешто поубаво отколку кога куќата мириса на домашно тесто?
Има – кога тоа тесто се јаде топло, плус има совршено полнење!
Ви претставуваме феноменален рецепт за најубавото полнето печиво што го најдовме досега, а се подготвува лесно и брзо.
Најдобро од се е што не ви се потребни никакви специјални состојки или какви било специјални кулинарски вештини за да го подготвите – ова совршено печиво ќе биде добро направено и од почетници.
Состојки за тесто:
- 400 мл топло млеко
- 45 мл масло
- 2 белки
- 1 лажица шеќер
- 1 пакет квасец (10 грама)
- 6 чаши пченично брашно (околу 720 грама)
- 1 лажичка сол.
За полнење:
- 150 гр рендано чедар сирење
- 80 гр путер.
Плус:
- 2 жолчки
- 1 лажица млеко
- 1 лажица брашно
- 5 лажици вода.
Погледнете ја деталната подготовка во видеото подолу! Засукајте ги ракавите, направете го ова феноменално печиво и кажете ни како ви се допаѓа!
