Намалување на смртноста кај ХИВ позитивните

Рано откривање на болеста и ран почеток на лекување на болеста со терапија со која е во можност да се лекува во нашето здравство. Ваков апел испрати министерот за Здравство Венко Филипче за Светскиот ден на борба против сидата. Директорката на клиниката за инфективни болести Милена Стевановиќ  посочи на  неопходноста од редовно тестирање. Од 1987 годнина до денес во Македонија  се регистрирани  400 случаи на ХИВ позитивни лица. Најголем дел се од машки пол вкупно 339. Во последниот период се регистрирани 99 дијагностицирани случаи. Најголем дел се на возраст од 20-39 години кај сексуално активната популација. Во последните 17 години бројот на смртни случаи е намален иако има тенденција на пораст на бројот на регестрирани случаи.

Извор: ТВ21