Македонија

Наместо итна прес конференција, МВР во 17 часот кога знаела за Вања си закажа настан во Куманово за утре

Наместо итна прес конференција, МВР во 17 часот кога знаела за Вања си закажа настан во Куманово за утре

Вечерва Македонија беше потресена од информацијата на Министерството за внатрешни работи дека 14-годишното девојче, во чија потрага беше вклучен цел Балкан како и Интерпол, е пронајдено мртво во скопскиот регион.

Наместо итна прес конференција, Министерството иако знаело за убиството на Вања во 17 часот испрати покана до медиумите за настан во Куманово во текот на утрешниот ден.

„Утре, (04.12.2023) во 9:30 часот, министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на МВР во Секторот за внатрешни работи Куманово ќе оствари работна средба со раководствата на СВР Куманово и Регионалниот центар за гранични работи Север. Ги покануваме заинтерсираните медиуми да го проследат настанот“, се вели во поканата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни