На почетокот на школската година, Скопје ќе остане без превоз од приватните превозници. Вкупно 10 линии ќе ја возат само првата тура во 5 наутро, а потоа почнуваат со протест.
Приватните превозници се децидни дека ЈСП им должи пари и затоа ќе ги повлечат автобусите. Од ЈСП досега нема одговор.
Недостатокот на приватни автобуси ќе направи колапс во сообраќајот во Скопје со почетокот на школската година, затоа граѓаните утре треба да се „наоружат“ со трпение, а и порано да излезат и да се упатат кон работните места и кон училиштата, со оглед дека оваа ситуација сигурно ќе се почувствува и на улиците низ главниот град.

