Израелската армија денеска соопшти дека го убила Салман Џума, висок функционер на либанската милитантна група Хезболах во Дамаск, кој е одговорен за врските на групата со сириската армија.
Либански безбедносен извор изјави за Ројтерс претходно денеска дека Џума бил убиен во израелски воздушен напад врз автомобил во близина на сириската престолнина.
Сириската државна новинска агенција САНА јави за нападот на автомобил што се случил на патот што води од Дамаск кон аеродромот, но не соопшти дали има жртви.
Агенцијата наведува дека возилото било опожарено.
„Автомобилот експлодираше како резултат на израелски воздушен напад на автопатот што води кон меѓународниот аеродром во Дамаск“, објави агенцијата.