Македонија

Нападната новинарска екипа во Визбегово – сакале да известат за пожарот!

Нападната новинарска екипа во Визбегово – сакале да известат за пожарот!

Основното јавно обвинителство Скопје постапува во координација со Министерството за внатрешни работи, како и со Здружението на новинари со цел итно обезбедување на сите докази во врска со информациите дека екипа на ТВ Алсат е нападната о спречена да ги извршува своите службени задачи и да известува за пожарот во Визбегово.

Во однос на настанот, јавен обвинител ќе издаде и наредби и насоки за целосно испитување на причините за настанување на пожарот и евентуалната предизвикана опасност врз животот и телото на луѓето, имотот или врз животната средина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни