Напаѓачите на М-НАВ вечерва пред судија на претходна постапка – дали обвинителството ќе бара притвор?

Се очекува во Кривичниот суд веечрва да бидат донесени пет лица, приведени за вчерашниот упад во зградата на М-НАВ.

Не јасно е во моментов какви мерки на претпазливост бара Обвинителството.

Порано во текот на денот, Обвинителството информираше дека ги очекува кривичните пријави.

„Во моментот се преземаат дејствија за расчистување на настанот. Основното јавно обвинителство Скопје во текот на денот очекува кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, а за натамошната постапка соодветно ќе ја информира јавноста“, порачаа од таму.

Инаку, во текот на вчерашниот ден вработен со непознати лица упадна во институцијата и нападна колеги, а настанот предизвика лавина реакции во јавноста.

По овој настан, како што дознава 4news.mk, финансиска полиција ќе влезе во вторник во М-НАВ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното