Македонија

Народна банка пушта во оптек нови банкноти од 500 и 2000 денари

Народна банка пушта во оптек нови банкноти од 500 и 2000 денари

Советот на Народната банка донесе одлука за пуштање во оптек нови книжни пари во апоени од 500 и 2000 денари.

„Се пуштаат во оптек книжни пари во апоен од 500 денари, со ознака на печатење ‘јуни 2025 година’.“

„Се пуштаат во оптек книжни пари во апоен од 2000 денари, со ознака на печатење ‘мај 2025 година’.“

Новите банкноти ќе започнат да се користат од 1 септември 2025 година, а во промет остануваат и сите претходно издадени апоени од 500 и 2000 денари.

Одлуката е објавена во Службен весник.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни