„Наскоро ќе се произведе првиот македонски дрон“, најави Ковачевски

„Наскоро фабриката АТС АММО ќе го произведе првиот макдонски дрон, кој ќе биде согласно сите НАТО стандарди“.

Ваква најава даде премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета на фабриката кај Македонски Брод.

„За многу скоро фабрикта АТС АММО ќе почне со сериско производство на четири вида дронови. Ќе бидат управувани со вештачка интелигенција и ќе имаат висок дострел. Ќе бидат целосно опремени според сите НАТО-стандарди. Тоа ќе бидат првите македонски дронови, целосно произведени во Македонија“, изјави Ковачевски.

Ковачевски вели дека дроновите ќе бидат мултинаменски, како извидничкото разузнавање и ќе имаат намена за индустријата.

„Ова е големо постигнување, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното