Македонија

Националната агенција за европски образовни програми започнува важна постапка за борба против корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми започнува важна постапка за борба против корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност започнува клучна постапка во рамки на заложбите за транспарентност и борба против корупцијата.

Денес, директорот на Националната агенција, Петар Богојески, донесе нова процедура
за постапката за избор на надворешни експерти/евалватори за оценување на предлог-
проекти и/или периодични и конечни извештаи од одобрени проекти, како и за
апликации во рамките на програмите Еразмус+ (2021–2027) и Европски солидарен
корпус (2021–2027).

Во таа насока, ќе следува целосна реевалуација на постојните евалватори, согласно
највисоките професионални стандарди и етички норми. Потоа, ќе биде објавен нов
јавен повик за избор на професионални и департизирани евалватори, експерти од
различни области, кои со својата стручност и интегритет ќе придонесат кон натамошно
зајакнување на кредибилитетот на Агенцијата.

Со оваа постапка, Националната агенција испраќа јасна порака дека борбата против
корупцијата е приоритет и дека се стреми да биде пример за интегритет и
професионализам, не само во нашата земја, туку и во земјите членки на Европската
унија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни