Наутро облачно со дожд и грмежи, попладне сонце и посвежо време!

Претпладне променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и посвежо време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен и северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. UV=8

Во Скопје претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Од понеделник следува период на стабилно и посвежо време со умерен до засилен ветер од северен и северозападен ветер.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното