Случајот со копањето на Биткоин не е само поврзан со Градскиот трговски центар. Машини има и во неколку други јавни институции, до кои е тешко да се дојде.
Последен случај е Македонски железници и инфраструктура.
Како што објави новинарот Фуркан Салиу, вчера пронајдени се неколку машини таму и уапсени две лица.
Засега нема потврда за овој случај од полицијата.
Претходно, по пријава во МВР акција имаше и во ГТЦ, но полицијата не успеа да ги најде, па затоа новинарските екипи успеаа да влезат и да ги снимат машините за копање на криптовалути, кои подоцна беа демантирани дека тоа било сервис за компјутери, а не „лабораторија“ за копање на криптовалути.