По информациите што изминатите часови се појавија во дел од медиумите, организаторите на Зимзоленд излегоа со соопштение во кое категорично демантираат дека празничниот парк ќе биде затворен.
„Ве информираме дека ова не е точно“, стои во реакцијата, во која се нагласува дека Зимзоленд работи непречено и со редовно работно време.
Според организаторите, инспекциски надзори имало во претходните денови, но до сите надлежни служби била доставена целосната и потребна документација.
Зимзоленд останува отворен за посетителите:
• во работни денови од 12 часот,
• а за време на викенд од 10 часот.
Организаторите порачуваат дека нивната мисија останува непроменета – да создадат магична новогодишна атмосфера, радост и незаборавни моменти за најмладите и семејствата.
„Ви благодариме на довербата и поддршката. Се гледаме на Зимзоленд“, порачуваат од таму.
