Македонија

Не паничете: Ќе се активираат сирени во Македонска Каменица, се тестира системот за тревожење!

Не паничете: Ќе се активираат сирени во Македонска Каменица, се тестира системот за тревожење!

Од рудникот САСА, Општина Македонска Каменица, известуваат дека утре 28 ноември 2025 (петок) ќе спроведат редовно тестирање на системот за тревожење, a согласно уредбата на ЦУК за знаците за тревожење, начинот за тревожење како и постапките на населението за навремено предупредување и заштита на населението во случај на природни или други непогоди предвидено е тестирање на сирените секој последен петок во месецот.

Напоменуваме дека ова е исклучиво тест на функционалноста на системот кое се спроведува согласно законската регулатива.

Целта на тестирањето е да се провери исправноста на системот и да се обезбеди негова целосна функционалност во случај на реална потреба.

Тестирањето ќе се одвива во период од 12:00 до 12:30 часот и ќе биде извршено со кратко вклучување на сите сирени, распоредени од индустрискиот круг на рудникот до градот, по течението на Каменичка река.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни