Македонија

„Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене…“

Сеќавањето на Тошо Проески, човек кој остави неизбришлива трага со своите дела, човечки и музички, меѓу обожавателите и пријателите низ целиот регион и пошироко, денес не згаснува.

Тој нè напушти прерано кога имаше само дваесет и шест години, но остави зад себе исклучително богата ризница во која, кога ќе peирнеме денес, ќе сфатиме колку е талентиран. Голем човек и хуманист, тој е само мал дел од сè што бил Тоше Проески во текот на неговиот живот, и нема човек во регионот што немал пофални зборови за него.

Иако времето застана за неговите фанови во 2007 година, Тоше Проески сè уште живее во срцата на сите нас.

Тоше ги освојуваше луѓето со својата скормност, гласот и насмевката.

Потсетуваме на 7 негови вечни цитати:

1. Мојата публика за мене е најголема радост. За нив пеам и живеам и знам зошто ме сакаат. Затоа што никогаш не се штедам, дури и по цена да се онесвестам од замор после концертот. Апсолутно не се штедам кога е во прашање музиката и публиката. За моја среќа или нечија несреќа, јас и моите обожаватели дишеме како едно.

2. Без оглед на тоа што кажуваат дека скромноста е одлика на глупавите, не се согласувам. Скромноста е одлика на добрите.

3. Не сакам кога целта ги оправдува средствата, не сакам нечесни игри и не верувам дека во љубовта е дозволено сè како и во војната.

4. Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене

5. Да имам голема моќ, макар и на кратко, би направил да исчезнат омразата и злото. Издржете и ставете го на испит својот карактер. Не се откажувајте за ништо.

6. Никогаш не би се одрекол од пријателите. Секогаш би бил тука за нив, и во добро и во зло. Во добро за да се радуваме на успесите, а во зло за да си помогнеме.

7. Сакајте се! Без разлика на тоа дали некој ве сака. Совршено е чувството да сакате некого, без оглед на тоа дали ви е возвратено. Вистинската љубов е онаа која ја дариш, а не очекуваш да ти биде возвратена.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни