Македонија

„Не само внесување во Уставот“, Јотова откри што се бара Бугарија од Македонија за кревање на ветото

„Не само внесување во Уставот“, Јотова откри што се бара Бугарија од Македонија за кревање на ветото
Илијана Јотова во Битола (Фото: Јовица Пауноски, 4NEWS.mk)

Според Илијана Јотова, не може да се каже ДА на Македонија за продолжување на патот кон Европската Унија додека овие проблеми не бидат решение. Бараат писмени гаранции дека на бугарите ќе им бидат заштитени правата и ќе бидат дел од уставот. Но дали тоа е доволно за зелено светло?

„Ако добро го познавате договорот за добрососедство меѓу двете држави ќе видите дека ниту една од точките внатре не е реализиран во пракса веќе 5 години. Ние ги поставивме условите за одредени точки во учебниците во средно училиште како и во изработката на методолгијата. Историската комисија меѓу двете држави треба тоа да го договори и потоа тоа да биде воведено во учебниците. Второ ние сакаме отворање на архивите и да запре гонењето на лицата само затоа што се Бугари. На трето место, нешто што за мене е многу важно е оштетувањето на спомениците во РСМ. Јас не можам да разберам како во 21 век дури и независно на процесот кон ЕУ, како може да се рушат надгробни плочи, да се оштетуваат споменици само затоа што тие го дале животот, но се од друга држава“, изјави Илијана Јотова – потпретседателка на Бугарија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни