Македонија

„Не сум бил во бегство и не смеам да зборувам за истрагата“, вели Палевски – доделен му е и адвокат по службена должност

„Не сум бил во бегство и не смеам да зборувам за истрагата“, вели Палевски – доделен му е и адвокат по службена должност

Денеска во Основниот кривичен суд, пред судија на претходна постапка беше спроведен Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски.

Палевски го брани адвокат кој е поставен по службена должност, додека пак тој претходно, преку писмо бараше тројца адвокати.

Засега е непознато дали тие го одбиле, бидејќи судот му одредил адвокат по службена должност.

Инаку, Палевски при спроведувањето истакна дека не е сторител на убиствата и за тоа има докази.

Тој додава дека не смее да зборува за истрагата.

„Не сум бил во бегство и не смеам да зборувам за истрагата“, рече Палевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни