Македонија

Не застанале на полициски знак, а потоа скокнале од камионот и го оставиле да се движи без контрола кон полицајците!

Не застанале на полициски знак, а потоа скокнале од камионот и го оставиле да се движи без контрола кон полицајците!

На 11.07.2025 околу 12.40 часот при вршење на мотопатролна дејност, во с.Липково, Општина Липково, од полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции било забележано товарно возило „ивеко“, натоварено со нежигосано огревно дрво.

При даден знак за запирање, возачот не постапил по наредбите и се дал во бегство, а подоцна, тој и совозачот скокнале од возилото и го оставиле да се движи без контрола, кон полициските службеници.

При тоа, возилото излетало од патот, а лицата се дале во бегство.

Дрвата и возилото се запленети, а се преземаат мерки за пронаожање на лицата и расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни