Македонија

Недела сообраќајна парализа во Скопје

Недела сообраќајна парализа во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај на повеќе локации, поради одржување атлетска трка, хуманитарна трка и меѓународен ракометен натпревар.

Поради одржување на атлетската улична трка, од 07:30 до 10:30 часот, сообраќајот во општина Аеродром ќе биде пренасочуван. Трасата на движење ги опфаќа следните делови:

  • бул. „Јане Сандански“ (десна лента, насока исток-запад) – од крстосницата со бул. „Србија“ и бул. „Видео Смилевски Бато“ до крстосницата со ул. „Владимир Комаров“;
  • ул. „Васко Карангелевски“ – во двете насоки, од крстосницата со бул. „Јане Сандански“ до крстосницата со бул. „АСНОМ“;
  • бул. „АСНОМ“ (десна лента, насока исток-запад) – од крстосницата со бул. „Киро Глигоров“ и бул. „Србија“ до крстосницата со ул. „Васко Карангелевски“.

Истовремено, од 10:00 часот, поради хуманитарната трка „Сите за Кочани – трчаме заедно“, ќе има посебен сообраќаен режим на патот од долниот паркинг на Средно Водно до манастирот Св. Пантелејмон и обратно, по регионалниот пат Р2138.

Навечер, со почеток во 20:30 часот, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се одржи меѓународен ракометен натпревар меѓу РК Алкалоид од Македонија и РК АЕК од Грција. И во овој дел од градот ќе бидат воведени привремени мерки на сообраќај.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници и да избегнуваат паркирање во околината на спортскиот центар за време на натпреварот, доколку немаат неопходна потреба.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни