Неделата започнува со врнежи од дожд

Променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Во Скопје, променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.