Неисправности на автопатот „Струма“ – вака констатира новото вештачење кое денеска ќе биде доставено до судот во Перник, во Бугарија. Потсетуваме дека во ноември 2021 година во автобуска несреќата загинаа 46 туристи од Македонија.
Автобусот се запалил откако удрил во заштитната ограда, а некои од роднините на жртвите поднесоа барања до државата, токму за овој предмет е назначено ново вештачењето.
„Со прегледот се констатирани два вида дефекти кои постојат во делот. Со вештачењето извршено на 3 км. пред местото на несреќата констатирани се инфраструктурни прекршоци. Прво, Агенцијата за патна инфраструктура на Бугаија дозволила такви прекршувања да постојат веќе со изградбата на патот. Второ, АПИ дозволи да се загрозат одредени елементи од инфраструктурата, што е во директна причинско-последична врска со инцидентот“, изјави адвокатот на дел од жртвите Николај Димитров.
ФОТО: Пендаровски и Бектеши положија цвеќе на местото на трагичната несреќа во Бугарија
Тој објасни дека т.н „мачкини очи“ покрај заштитната ограда на 3 км. делот пред несреќата или ги нема или имаат шест пати помала рефлексија на светлината. Николај Димитров додаде и за немањето знаци на местото на несреќата.
„Не негираме, виновен е и возачот, но немал ориентација каде е на патот. Додека некој не оди во затвор, ова нема да престане“, додаде адвокатот.
Тој изјави дека ќе бараат заедничко осудување на АПИ и претставникот на македонскиот осигурител за Бугарија. Побарувањата ќе поднесат во софискиот градски суд наследниците и жртвите на несреќата.