Македонија

Неизвесен изборот на нов народен правобранител

Неизвесен изборот на нов народен правобранител

Иако собраниската Комисија за избори и именувања минатата недела ја утврди одлуката Фатон Сељами да биде предложен за народен правобранител неговиот избор се доведува во прашање бидејќи е потребен голем Бадентер. Ќе обезбеди ли власта доволен број гласови од немнозинските заедници за сега останува под знак прашање. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека оваа институција има свои заменици и дека институцијата функционира.

Но се чини дека токму при гласањето со Бадентерово мнозинство голема е веројатноста дека изборот ќе се блокира, бидејќи од опозицијата не се согласуваат со изборот на Сељами за народен правобранител. Халил Снопче од Алијанса за Албанците кој е дел од Европскиот фронт вели дека се предлага партиско решение и дека одлуката ја донеле без консултација со нив.

Фатон Сељами на Комисијата за избори и именувања беше утврден како кандидат за избор на народен правобранител и тој е предлог на координаторот на ВРЕДИ Беким Ќоку. Досегашниот омбудсман Насер Зибери ја напушти оваа позиција поради заминување во пензија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни