Македонската јавност повеќе им верува на обвинети, отколку на официјалните институции, рече денеска Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов одговарајќи на новинарско прашање во врска со случувањата на 27 април во Собранието.
Иванов додава дека сведочењата на обвинетите во овој случај биле само обид да се сврти вниманието на друга страна односно кон неговиот кабинет.
„Ова е очаен обид да се сврти сето вниманието од главните креатори на сето тоа што се случило на 27 април и да се пренасочи кон претседателот и неговиот кабинет. Нашата јавност таква е, верува на обвинет, а не на официјални институции“, изјави Иванов, одговорајќи на новинарско прашање по доделувањето на признанијата „Македонски квалитет“ на Сојузот на стопански комори на Македонија.
Во текот на вчерашниот ден Александар Василевски – Нинџа сведочеше дека Иванов планирал да воведа воена состојба, но се откажал од тоа поради притисок од странски фактор. На ова Иванов повика да се јават тие кои реагирале и оние кои барале да се воведе воена состојба на 27 парил.
Претседателот Иванов за во 17 часот закажа обраќање за како што вели македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија. ТВ21 во живо ќе ја пренесува прес конференцијата.
